Thursday, February 5, 2015

Пунч



Очигледно е дека Заев спремал пунч, а го направил без консултација со Груевски за корисноста и здравствената подобност на тој пијалок и без точно пропишана рецептура (таа му е веројатно добавена од странски служби). Поголем криминал Македонија нема видено.

Јавното Очајното Домаќинство изјавува дека рецептурата на Заев не смее да се споделува, за да се заштитат граѓаните од стравичните влијанија кои тој пунч може да ги предизвика. Проверени експерти соопштуваат дека така направениот пунч може да предизвика знаци на размислување, а тоа од своја страна може да доведе до двоумење за толку важно прашање како: Кој пунч да го пијам. Со тоа би опаднала потрошувачката на пунчот произведен во домашните фабрики по проверени рецепти, што од своја страна би придонело до разорување на домашната индустрија за пунч како и на целата домашна економија.


Одговорни граѓани самостојно се организираат, контаорганизираат и штрајкуваат пред фабриката на Заев и бараат истиот да престане да произведува предавнички пунчеви и да не ги плаши светите владетели на античката држава Македонија со своите болви.

Friday, December 12, 2014

Истражи ја Македонија - се бараат истражители

Машина што заменува 16 работници.
Ова како да е кај нас некаде - овие на слика се вработените преку партија (преку Македонски шуми, де), тие вработени преку Рамковен си работат од дома, или од друго работно место.

Македонија е чудесна, до лудост.


Monday, November 24, 2014

Итри Кавадарчани

http://www.utrinski.mk/?ItemID=CE7D2FA3C9C44C459A03B31BBB7A42B6

Кавадарчани дишат десетпати позагаден воздух од дозволеното.

http://www.utrinski.mk/?ItemID=CE7D2FA3C9C44C459A03B31BBB7A42B6


А кој им дозволил? Се знае колку е дозволено, а они па десетпати повеќе сакаат!
Глоба од 35 евра - па да видиш дали ќе дишат повеќе од дозволеното.