Thursday, February 5, 2015

Пунч



Очигледно е дека Заев спремал пунч, а го направил без консултација со Груевски за корисноста и здравствената подобност на тој пијалок и без точно пропишана рецептура (таа му е веројатно добавена од странски служби). Поголем криминал Македонија нема видено.

Јавното Очајното Домаќинство изјавува дека рецептурата на Заев не смее да се споделува, за да се заштитат граѓаните од стравичните влијанија кои тој пунч може да ги предизвика. Проверени експерти соопштуваат дека така направениот пунч може да предизвика знаци на размислување, а тоа од своја страна може да доведе до двоумење за толку важно прашање како: Кој пунч да го пијам. Со тоа би опаднала потрошувачката на пунчот произведен во домашните фабрики по проверени рецепти, што од своја страна би придонело до разорување на домашната индустрија за пунч како и на целата домашна економија.


Одговорни граѓани самостојно се организираат, контаорганизираат и штрајкуваат пред фабриката на Заев и бараат истиот да престане да произведува предавнички пунчеви и да не ги плаши светите владетели на античката држава Македонија со своите болви.