Wednesday, March 4, 2015

За античкиот збор: „Забегани„



Во Пела, во древномакедонскиот компјутерски центар, постои компјутерска база на податоци од која може да се синтетизира гласот на Александар Македонски. 
Податоците се запишани на тркалезни камени плочи кои практично не се абат и траат вечно. Единствен проблем се месните жители кои плочите ги користат како воденички камења. А без соодветните плочи гласот на Сашко наш е редуциран на само еден збор - на зборот „Забегани„.
Се верува дека тој збор во антиката го имал следното значење: живеење надвор од реалноста; убивање луѓе и освојување на туѓи држави и територии се до Индија под изговор дека шириш култура; градење на царски палати, фонтани, скулптури и споменици за да се овековечиш во нив; трошење златни ковани пари на вкусни лавји тестиси кога во домашните амбари нема ниту зрно жито.

No comments:

Post a Comment